Ракомет
Прва победа за македонските ракометарки во квалификациите за ЕП 2026
Македонската женска ракометна репрезентација вечерва во Куманово ја совлада Белгија со 33:28 во квалификациите за пласман на еврошампионатот.
Македонките во целост се реваншираа на Белгија за поразот од пред три дена (24:25).
Голманката Андреа Илиќ со 12 одбрани и Марија Јанкуловска со осум погодоци се најзаслужните за победата. По шест гола запишаа Стефановска, Кирпијановска и Ива Младеновска.
На табелата води Германија со 6 бода, Словенија има 4, Македонија и Белгија по 2.
март 8, 2026

