Политика
Мицкоски: СДС денес е претворена во бледа копија и фабрика за политичка паника
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес во изјава за медиуми истакна дека во земјава потребна е сериозна опозиција, а не онаква каква што е моменталната, приватизирана и бизнис опозиција.
,,СДСМ денес е претворена во една бледа копија и фабрика за создавање политичка паника. И знам дека нема да се извинат, знам дека ќе продолжат по старо, и на мене ми е најлесно да ја терам наполеоновата позиција која вели „никогаш не го прекинувај противникот кога греши“, но на нас ни е потребна сериозна и силна опозиција, а не оваа приватизирана, бизнис олигархиска опозиција со проблеми со моралот и држење до зборот“, рече Мицкоски.
Тој потсети и дека опозициската СДС со години им даваше лажни ветувања на граѓаните.
,,За жал, ова се истите тие кои со години ги лажеа граѓаните со редици лаги, лажни ветувања, да не се навраќаме на Гугл и Фејсбук дека ќе отворале центри во земјава, па жицата македонска им свирела и името немаше да го менуваат, па аеро ќе носеа во Аеродром, па ќе ја неселе формула 1 во Македонија, денес на пресови бројат тендери, а не кажуваат каде е криминалот зошто распишување на тендер не е криминал, но и крадење од државата какво имаше во нивно време е тежок криминал. Тоа се тие истите луѓе кои со лаги сакаат да освојат гласови и да се вратат на власт. Македонија памети и никогаш нема да им заборави“, вели Мицкоски.


