Connect with us

Регион

Додик: Воениот сојуз меѓу Загреб, Тирана и Приштина директно ја урива БиХ

Воениот сојуз меѓу Загреб, Тирана и Приштина директно ја урива Босна и Херцеговина и ја подрива стабилноста и мирот, бидејќи е насочен против Србите и Србија, а со тоа и против Република Српска, изјави денеска претседателот на СНСД, Милорад Додик.

Во објава на платформата „Икс“ (X), Додик истакна дека секоја поддршка од страна на Бошњаците и Хрватите за ваквиот концепт „ја разорува БиХ на парчиња“.

„Српскиот народ својата волја за регионална стабилност ја покажа преку иницијативи како ‘Отворен Балкан’ – простор за соработка, трговија и слободно движење без граници. Додека ние нудевме економија, поврзување и стабилност, другите очигледно избраа воено групирање и здружување едни против други“, нагласи Додик.

Тој заклучи дека ваквите пораки не придонесуваат за довербата во регионот, но порача дека српскиот народ знае да ги препознае намерите и опасноста и дека е секогаш подготвен да ги заштити своите интереси. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3