Connect with us

Свет

Бурни реакции во Техеран: Пратениците го критикуваат Пезешкијан поради извинувањето до соседите

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан предизвика остра реакција кај тврдокорните сили во својата земја по денешното извинување до соседните држави за иранските напади во изминатите денови, пренесува ДПА.

Критичарите во Иран веднаш го обвинија Пезешкијан за покажување слабост и за нанесување штета на националната гордост. Конзервативниот пратеник Џалал Рашиди Кучи на платформата „Икс“ порача дека извинување се прави само кога е направена грешка, нагласувајќи дека според него, Иран не згрешил. Тој го искритикува претседателот и за неговиот говор на телото и „неавторитативното“ обраќање.

Пезешкијан се извини преку претходно снимена видеопорака емитувана на државните медиуми, по серијата напади што уследија по воените удари на САД и Израел врз Иран.

Пратеникот Мохамад Манан Раиси го опиша извинувањето како „чудно и понижувачки“, повикувајќи го претседателот веднаш да му се извини на иранскиот народ.

Исламистичкиот медиум „Раџа њуз“ отиде дотаму што побара на претседателот „едноставно да му се одземе микрофонот“, оценувајќи го говорот како сигнал за слабост наместо за национален отпор.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1