Вести
„Бехтел и Енка“ отпуштија педесетина Македонски работници ангажирани на изградбата на Коридорот 8
Повеќе работници во „Бехтел и Енка“ утрово протестираа пред влезот на кампот на компанијата во близина на автопатот Тетово-Гостивар. Тие се жалат дека се отпуштени без претходна најава (отказен рок), иако како што посолуваат, имаат важечки договори. Причина за отпуштањата како што им било кажано е тоа државата не префрлила средства за проектот на кој компанијата работи.Тие бараат да бидат прогласени за технолошки вишок за да можат да остварат социјални права.
– Еден ден претходно нè известуваат, демек има вишок работници и доаѓа листа да нè избркаат од работа, само тие од Македонија. Индијците се тука, сите останаа, а ние сме избркани. Во договорот не пишува дека треба да нè известат 30 дена однапред за да можеме да најдеме друга работа. Останавме на улица, моментално не знаеме што е работата. Овие велат дека владата не пушта пари. Бараме да нè прогласат за технолошки вишок и додека ни трае договорот да ни се исплаќа барем минималецот. Јас имам договор до 17 јуни 2026 година, вели еден од вработените.
Според дел од соговорниците за МИА еден негов доскорешен колега пред капијата на кампот потврдува дека добил отказ. И тој разбрал дека како образложение се наведува дека недостигот на пари кои треба да ги уплати државата.
– Утрово на капија ни соопштија дека ќе нè бркаат од работа, дека државата нема пуштено пари и заради тоа нè отпуштаат од работа. Сега ова е прва тура, негде околу 40-50 вработени, без претходно да ни најават две недели или месец дена, да кажат дека до тогаш и нема да може, да не ни требате. Без никаква најава. Дојдовме на работа и ни кажуваат да потпишеме документи и дека е толку со нашата работа. Чекаме да добиеме одговор дали е до државата или до Бехтел и Енка, вели друг вработен.
Од компанијата најавија одговор на нашето барање во текот на денот. Во меѓувреме од Министерството за транспорт и врски излегоа со соопштение. Потегот се оценува како нечесен однос кон вработените.
– Во однос на изградбата на автопатските делници на Коридорите 8 и10 -д, Ве информираме дека до овој момент сите финансиски ситуации (фактури)за извршени работи навремено и целосно се исплатени кон изведувачот од страна на Владата, велат од Министерството за транспорт и врски.
За ангажирањето на работници, компании кои работат во име на изведувачот како подизведувачи, ангажирање на машини или друга опрема, тоа се договорни обврски на изведувачот „Бехтел и Енка“, за што Владата, Министерството за транспорт и ЈПДП како инвеститори немаaт обврски.
Од Министерството за транспорт и врски во однос на проектот, не очекуваат проблеми, бидејќи како што се наведува, според дговорот за реализација, изведувачот има предвиден рок и очекуваат проектот да биде завршен во предвидениот рок, а динамиката на работите останува непроменета.
март 8, 2026

