Connect with us

Вести

Ако имате забрана за управување со моторно возило ќе ви стасува порака од кога таа почнува да тече, нема да се издава нова дозвола со впишана забрана, вели Тошковски

Со почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ доколку граѓаните кои имаат изречена забрана за управување со моторно возило отидат во просториите на МВР не им се зема дозволата и не се упатуваат за издавање нова со впишана забрана, туку само добиваат известување кога таа почнува да им тече. Досега 3 000 граѓани доброволно отишле во просториите на МВР да го регулираат прашањето со изречена забрана, а дополнително вкупно околу 50 000 такви забрани кои биле изречени во изминатите години треба да бидат процесуирани.

-Ова веќе функцонира. По правосилна пресуда која претходно била изречена, пред стапување во сила на пакетот закони поврзани со „безбеден град“ и по констатиран сообраќаен прекршок по којшто следи забрана, а притоа сторителот се согласил со самата забрана, не повел судска постапка, МВР на сите оние кои дошле во просториите на МВР, повеќе не им ја зема возачката дозвола, па да треба да ги слика одново и на новата да се впише до кога им е забраната. Системот нотира дека имате забрана за управување на моторно возило ви испраќа порака на мобилниот телефон којшто сте го навеле дека од денеска ви тече рок од седум дена кога ќе ќе отпочне забраната за управување на моторно возило. После седум дена, осмиот ден ви стига порака дека од тој ден натаму согласно пресудата која што ви е изречена, во наредни, месец дена, три месеци, шест месеци…, ви е активна забраната за тој временски период од добивање на втората порака додека не ви истечат тие месец, два, три, колку ви е изречена забрана во рамки на пресудата, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

По истекот на забраната, додава, граѓаните повторно ќе можат да го управуваат моторното возило, а МВР за сето тоа ќе води евиденција.

– Би сакал да упатам една порака за сите граѓани и за сите полициски службеници дека само во тој временски период не смее да се управува моторното возило. Што значи тоа. Доколку ви е изречена правосилна пресуда или сте добиле санкција преку системов сејф сити, а притоа не сте добиле порака дека истата е активна, односно дека за седум дена ќе стане активна и по вторпат порака дека не смеете да управувате од денеска, вие може да го управувате возилото, вели Тошковски. 

Тој информира оти околу 3000 граѓани биле процесуирани на ваков начин во изминатиот период.

-Инаку согласно информациите кои ги имам треба да се процесиираат некаде околу 50 000 такви забрани кои биле изречени во изминатите години, а притоа Министерството не ги доставило, ниту пак граѓаните не се обратиле до Министерството, рече Тошковски во „Вечерното шоу со Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија.

Тој говорејќи за системот „безбеден град“ рече дека изминатиот период се покажало дека може и ние да се подобриме доколку сакаме. И тоа, рече, е заслуга на секој еден македонски граѓанин.

-Јавно да се заблагодарам до сите коишто ги почитуваат сообраќајните правила, им даваат на значење, и ги вреднуваат сите оние човечки вредности коишто на крајот на денот може да спасат човечки живот, рече Тошковски. 

Министерот за внатрешни работи одговори и на обвинувањата на опозицијата дека имаат информации оти одредени „ВМРО-вски“ таблички не биле внесени во системот за да не бидат евидентирани при прекршок, и притоа истакна оти тоа може да е случај ако возат противпожарно возило или возило на итна медицинска помош.

-Може ако возат итна медицинска помош. Евентуално пожарна. Ако ВМРО-вциве се пожарникари сите до еден, и управуваат итна медицинска помош, па тие се предмет на екскалупирање согласно закон. Да, можно е. Може ќе најдат некој шофер на итна медицинска помош којшто е силен поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ, ако мислат на него, да. Ако управува согласно законски дефинирани услови за управување, вклучи сирена, светлосна сигнализација, ако спасува човечки живот, да. Како не им е срам тезиве да ги вадат, како не им е срам. Јас кога би бил на нивно место или да сум нивен поддржувач би се срамел, рече Тошковски.

Во однос, пак, на обвинувањата на опозицијата и сомнежите како ќе се чуваат снимките, вели дека тоа ќе биде исто како што се чувале 15 години наназад.

-Па како се чуваат 15 години. Па 15 години снимаат камерите, 15 години се процесуираат случаи во рамки на кривична постапка. Да. Сега ние со многу мака, со волја, со решеност, со подготвеност на политички напади од типот на не знам, ќе ги казнувате граѓаните, ќе го полните буџетот на граѓаните. Како да кажам ќе сме казнувале само Македонци или само Албанци или само Турци или само Бошњаци. Јас не знам кај им текнува. Кој им ги пишува овие работи. Ако го платиле треба да им ги врати парите. Ама не даваат одговор на тоа шо правеа тие осум години додека беа на власт со снимките. Јас ќе им кажам како функционира сега системот. Функционира согласно десетина правилници подзаконски акти коишто ги донесовме дополнително коишто тие ги немале донесено во нивно време, рече Тошковски.

Донесувањето на тие позаконски акти, вели е дополнителна сигурност во однос на чувањето на снимките. 

– Јас ја разбирам вознемиреноста на опозицијата и јас кога бил на нивно место би бил вознемирен, особено со таа историја и емпирија која ја имаат, добар дел од нив. Не ги оправдувам, ама ги разбирам, рече Тошковски.

Вели дека не може да разбере клако може кога се работи за нешто што е во интерес на сите гражани и подобар и посигурен живот да се изместуваат тезите и да се пласираат празни ветувања.

-Како да кажам, ти зборуваш како да направиме да е подобро за сите, како да сме поефикасни, како да го подобриме сообраќајот, како да намалиме жртви, како да сме поефикасни во делот на семејно насилство. Тие ти зборуваат за изместување на политички тези, празни обвинувања, рече Тошковски во гостувањето на Телевизија Алфа.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2