Connect with us

Формула 1

Верстапен за излетувањето во квалификациите: Ова никогаш не ми се случило во целата моја кариера

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека не можел да ја утврди причината за неговата несреќа во квалификациите за Големата награда на Австралија.

Четирикратниот светски шампион утрово го удри својот автомобил во првиот сегмент од квалификациите излетувајќи од патеката и завршувајќи во бариерите.

– Ги притиснав сопирачките, а задната оска одеднаш се блокира целосно, без очигледна причина. Не знам зошто или како се случи. Ова никогаш не ми се случило во целата моја кариера, го цитираше Верстапен прес-службата на Формула 1.

Холанѓанецот забележа дека при толку голема брзина, автомобилот бил неспаслив.

– Ударот со самата бариера не беше многу силен, но воланот ми беше откинат од рацете, па морав да одам во медицински центар за секој случај. Но, добро сум, додаде тој.

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи во квалификациите, а неговиот колега Андреа Кими Антонели заврши втор. Другиот возач на Ред Бул, Исак Акар беше трет.

Верстапен ќе ја започне утрешната трка од 20. позиција.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1