Connect with us

Ракомет

Ракометарите на Еурофарм Пелистер први изборија полуфинале во Купот

Екипата на Еурофарм Пелистер избори пласман во полуфиналето на Купот откако попладнево во Битола го совлада Прилеп со 30:28. Ова беше трет натпревар за битолчани во три дена и по нерешениот дуел со ПСЖ во Лигата на шампионите остварија две победи денеска против Прилеп и вчера против Струга со 44:19. Дуелот против Прилеп беше „финале“ во групата Г, откако прилепчани вчера го совладаа Драчево Јуниор со 41:34.

На денешниот дуел најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер беа Андреј Видомски и Петар Атанасијевиќ, кои постигнаа по 6 голови, додека Денис Шабановиќ од Прилеп постигна седум голови.

Вечерва се игра уште еден дуел од куп натпреварувањето Охрид на домашен терен игра против Тиквеш. Во вториот дуел од „охридската група“ в недела играат: МРК Куманово и Младост. Победниците во недела попладне ќе играат за пласман во полуфиналето.

Другите две групи се играат во Скопје и натпреварите се играат во сабота. Во салата Автокоманда (организатор Алкалоид), Алкалоид е домаќин на Радовиш, додека Пролет игра против Македонија Ѓорче Петров. Групата А се игра во СЦ Јане Сандански, а играат: Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2 и Бутел – Вардар. Победниците на групите ќе бидат познати по одигрувањето на „завршниот натпревар“.

Четирите победници на групите ќе играат во полуфиналето или на Ф4 турнирот што е планиран да се игра на 18 и 19.април.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2