Connect with us

Свет

Пезешкијан им се извини на соседите од Заливот, и вети дека Иран нема да ги напаѓа

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека Иран повеќе нема да ги напаѓа своите соседи во Персискиот Залив, освен ако не биде нападнат од тие земји.

– Привремениот лидерски совет одлучи дека нема да има повеќе напади врз соседните земји, нема да бидат истрелани ракети, освен ако нападот врз Иран не потекнува од тие земји, рече Пезешкијан во говорот емитуван на државната телевизија.

Тој им се извини на соседните земји што ги нападна Иран, наведувајќи дека барањето на Соединетите Американски Држави за безусловно предавање на Техеран е „сон што треба да го однесат со себе во гроб“.

САД и Израел го нападнаа Иран пред седум дена, во сабота, на 28 февруари, на што Техеран одговори со ракетирање на Израел, Кувајт, Бахреин и други земји од Блискиот Исток.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3