Connect with us

Вести

Министерство за транспорт: Со намалување на трошоците за изградба на спортска инфраструктура, поттикнуваме поголеми инвестиции во спортот

Министерството за транспорт во соработка со Министерството за спорт, преку соодветни измени на подзаконски акти овозможи стимулирање во делот на изградба на спортски објекти од затворен и отворен тип, базени и други видови на спортски објекти. Имено, за истите се намалени торшоците за уредување на земјиштето или популарните комуналии. 

-Преку намалување на трошоците за изградба на овој вид на спортска инфраструктура, поттикнуваме поголеми инвестиции во спортот, го олеснуваме процесот на изградба на нови спортски сали, игралишта и друг тип на спортски објекти со што директно придонесуваме за развој на спортот. Ова претставува важен чекор кон создавање на модерна и функционална спортска инфрастрктруа која ќе го потикне спортот и ќе ја унапреди спортската култура во државата и ќе придонесе за локалниот економски развој, велат од Министерството за транспорт.

Со овие измени Министерството за транспорт директно го подржува инфраструктурниот развој преку остварување на јавниот интерес за граѓаните и развој на спортот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2