Connect with us

Вести

Мицкоски: Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе

Нашата визија е јасна – образованието мора да биде темел на развојот на државата. Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе, порача премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на поставувањето камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како што истакна Мицкоски, кампусот ќе се гради на површина од 31 000 метри квадратни и ќе претставува современ академски комплекс со модерни амфитеатри, студентски простор, базен, спортски сали – инфраструктура согласно потребите на  современото високо образование. Инвестицијата е вкупно 42 милиона евра, од кои 40 милиони се за изградба, а два милиона за надзор на градбата.

-Оваа инвестицијата е дел од една поширока слика, сликата на образованието што го градиме. Денес поставуваме темел на нешто што е многу повеќе од градежен проект – темел на иднината. Со почнувањето на изградбата на новиот модерен кампус, ја потврдуваме нашата црвста определба да инвестираме во знаење, во младите и во развојот на високото образование. Овој проект е стратешка инвестиција во иднината на државата што ќе создаде современи услови за образование, научна работа и академски развој, подвлече Мицкоски.

Овој проект, според него, претставува стратешка инвестиција во иднината на државата. Инвестиција која ќе создаде современи услови за образование, научна работа и академски развој.

-Нашата цел е јасна – младите луѓе да имаат можност да студираат, да се развиваат и да ја градат својата кариера тука, во својата држава. Универзитетите мора да бидат центри на знаење, истражување и иновации. Места каде што се создаваат идеи, каде што се развиваат нови технологии и каде што се подготвуваат генерации кои ќе ја водат државата напред. Универзитетот „Мајка Тереза“ е важен дел од таа академска мрежа. Со овој нов кампус му даваме можност да се развива уште посилно и да стане современ образовен центар кој ќе им служи на студентите, на академската заедница и на целото општество, рече премиерот. 

Ова, додаде, нема да биде само место за предавања и испити, туку простор каде ќе се создава знаење, каде ќе се раѓаат идеи, каде младите луѓе ќе ја градат својата иднина.

– Затоа што вистинската сила на една држава не се мери само со бројки и инфраструктура. Се мери со знаењето, со образованието и со потенцијалот на нејзините млади, вели премиерот. 

Според министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Владата продолжува да ги подобрува инфраструктурните услови за наставниците и студентите.

-Ова е исклулително важен момент, се поставува камен-темелник на најмладиот Универзитет. Ги подобруваме инфраструктурните услови за наставниците и за студентите – да бидат мотивирани, посебно професорите – да обезбедат одлично образование, да им пренесат на студентите знаење и вештини. Верувам дека изградбата ќе оди според плановите и дека за пет години ќе имаме прекрано здание – храм на науката, образованието, уметноста и на создавање човечки капитал. Очекувам тие што тука ќе работат и ќе учат, да и вратат на државата со стекенување сериозни знаења и вешини, да ја направата земјата поконкурентна, истакна Јаневска.  

Таа се надева дека универзитетскиот кампус ќе биде завршен во предвидениот рок и оти во 2030 година на ова место ќе има модерен универзитетски кампус во кој, како што рече, нема да биде прашање дали е возможно исполнување на одредбите од новата законска регулатива за високо образование и наука, што е предмет на поширока јавна дебата во моментов, туку  наставно – научниот кадар ќе ги има сите неопходни предуслови и услови за научно творење, за ефективна настава и за кариерно напредување, а студентите за развивање на нивниот личен – човечки и академски потенцијал.

-Неопходна и оправдана е оваа инвестиција. Затоа што претставува поддршка за најмладиот државен универзитет, каква што всушност добиле и сите други државни универзитети при основањето и во текот на нивниот развој. И тука се потребни ресурси, и еве Владата ги обезбедува. Но се разбира, од секоја инвестиција се очекува и некаков повраток. Па така имаме очекувања и од оваа инвестиција – универзитетот да прерасне во модерна образовна и научна институција чиј кадар, доволно мотивиран ќе даде придонес во развојот на високото образование и науката и ќе гради нови студентски генерации дојдени по потреба за вистинско знаење и применливи вештини, генерации без кои не е возможен општествено – економскиот напредок, рече министерката.

Така што, според неа, ова е инвестиција во јакнење на моќта, на автономијата и на општествената улога на високообразовната установа во процесот на транзиција и приклучување на земјата кон друштвото на поразвиените.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, кој присуствуваше на церемонијата на поставување на камен-темелникот рече дека новиот универзитетски кампус ќе се гради според современи стандарди и ќе понуди модерни услови за студирање, научно-истражувачка работа и академски развој, претворајќи ги Скопје и Чаир во значаен универзитетски центар за Албанците, во земјата и во регионот.

-Поставувањето на камен-темелникот на овој кампус е историски момент за албанското образование. Инвестициите во образованието се најважните инвестиции за иднината на еден народ, бидејќи таму каде што се градат универзитети се гради интелектуалната, академската и професионалната сила на општеството, истакна градоначалникот Меџити.

Според него, изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе создаде нови можности за младите Албанци да студираат на модерен универзитет и на својот јазик, подготвувајќи се за предизвиците на глобалниот пазар на знаење и економија. Овој проект, додаде, претставува значаен чекор во развојот на високото образование во земјата и стратешка инвестиција што ќе влијае со децении врз академскиот, научниот и општествениот развој.

На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа и се обратија и првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири и ректорот на Универзитетот Мајка Тереза Беким Фетаји. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 4