Connect with us

Фудбал

Листа на тренери за менаџерското место на Тотенхем

Премиерлигашот Тотенхем се наоѓа во резултатска криза, а клубот веќе размислува и за ново име на позицијата менаџер откако минатиот месец хрватскиот стручњак Игор Тудор го презеде клубот. Тој има договор до крајот на сезоната.

Доаѓањето на Тудор не донесе позитивни резултати, туку екипата ги загуби трите последни дуели во Премиер лига, а последниот од Кристал Палас на домашен терен (1:3). Екипата нема победа во Премиер лигата 11 натпревари и се наоѓа во борба за опстанок.

Во периодот што следи Тотенхем го очекуваат неколку тешки дуели, првиот против Атлетико Мадрид од Лигата на шампионите, потоа гостување кај Ливерпул, па реваншот со Атлетико и дуел со директниот конкурент за опстанок Нотингем Форест.

Во клубот веќе размислуваат за ново име на менаџерското место, а како најсериозен кандидат е Роберто Де Зерби, а се споменуваат уште: Хари Реднап, Глен Ходл и Тим Шервуд, како и Роби Кин и Един Терзиќ. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1