Connect with us

Хроника

Лишен од слобода неготинец, со закани барал од лице да промени изјава во Обвинителство

Полициски службеници вчера во 13 часот лишиле од слобода 24-годишен жител на Неготино, кој со закани барал од лице да промени изјава во Обвинителство, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Вчера во 13 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино лишиле од слобода 24 – годишник од Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувал на 27 – годишник од село Тремник, неготинско и барал од него да промени претходно дадена изјава во Основно јавно обвинителство – Кавадарци, во врска со претходно случен настан, соопштија од СВР – Велес.

Притоа, како што додадоа, тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе била поднесена соодветна пријава.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3