Кошарка
Леброн Џејмс – „човек рекорд“ во НБА лигата
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс ги поместува границите во НБА лигата и поставува нови рекорди. На дуелот против Денвер, кој неговата екипа го загуби (113:120) постави нов рекорд. Во финишот на првата четвртина успеа да реализира шут.
Тоа беше негов 15.838 погоден шут од игра во кариерата, со што го мина легендарниот Карим Абдул Џабар. На дуелот Леброн имаше шут од игра 7/11 со 16 поени.
Тој на 7. февруари 2023 година го мина Џабар и стана најдобар стрелец со постигнати повеќе од 43.000 поени.
На некој од следните натпревари Џејмс може да собори уште еден рекорд. По бројот на одиграни натпревари тој досега има 1.606 и се наоѓа на второто место, а лидер е Роберт Периш со 1.611 натпревари. Ако игра на сите натпревари, Џејмс рекордот ќе го собори на 16. март на дуелот против Хјустон.
март 7, 2026

