Connect with us

Свет

Израелската армија соопшти дека нападнала над 400 цели во Иран

Израелската армија соопшти дека нејзините воздухопловни сили денеска нападнале над 400 цели во Иран.

„Во петокот беа погодени повеќе од 400 цели во неколку области на Иран, вклучувајќи лансери за балистички ракети и складишта за ирански дронови“, се вели во соопштението на прес-службата на Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Во соопштението се наведува дека „за време на нападите, израелски воен авион пресретнал камион што носел ирански систем за воздушна одбрана“. „Откако камионот бил откриен, израелските воздухопловни сили го нападнале и го уништиле системот“, додаде ИДФ.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2