Connect with us

Економија

Угостителските услуги во февруари зголемени за 3,2 проценти

Угостителските услуги во февруари бележат зголемување од 3,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците објавени денеска од Државниот завод за статистика. 

Зголемување се бележи и во периодот јануари – февруари во споредба со истиот период лани. Според статистичките податоци, во овој период угостителските услуги се зголемени за 3,3 проценти во однос на истиот период минатата година.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1