Фудбал
УЕФА: „Финалисима“ не мрда од Доха
Европската фудбалска федерација УЕФА останува на планираното градот Доха и покрај ситуацијата на Блискиот исток да биде домаќин на познатата „Финалисима“, пренесува АП, која треба да се игра на 27.март.
Во Доха ќе треба да се одигра дуелот меѓу шампионот на Европа и Јужна Америка, а како организатори се УЕФА и КОНМЕБОЛ.
Репрезентациите на Шпанија и на Аргентина треба натпреварот да го играат на стадионот Лусаил, каде се играше финалето на СП 2022 меѓу Аргентина и Франција.
Од УЕФА истакнуваат дека локалните организатори имаат вложено многу напор, а доколку не може да се игра во Доха, најверојатно некој град во Европа ќе биде домаќин.
Првата „Финалисима“ се одигра во јуни 2022 година на Вембли и Аргентина ја совлада Италија со 3:0.
март 6, 2026

