Connect with us

Вести

Тошковски на средба со раководството на СЕЛЕК: Зајакнување на регионалната соработка во борбата против организираниот криминал

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска оствари работна средба со генералниот директор на Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа – СЕЛЕК, Огуз Серкан Акин и директорот за правни и внатрешни работи на СЕЛЕК, Јован Пешевски.

На средбата, како што информираат од МВР, било разговарано за унапредување на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и СЕЛЕК, како и за зајакнување на координацијата во борбата против прекуграничниот организиран криминал во регионот. Посебен акцент бил ставен на оперативната соработка, размената на информации и организирањето заеднички истраги меѓу полициските служби на земјите членки.

Министерот Тошковски нагласил дека Министерството за внатрешни работи останува активно посветено на регионалната соработка и на користење на сите достапни механизми за поефикасна борба против криминалните мрежи.

-Соработката преку СЕЛЕК претставува важен инструмент за координирана и навремена реакција на институциите во справувањето со транснационалниот организиран криминал. Заедничките истраги, размената на информации и директната комуникација меѓу службите се клучни за ефикасно спречување и сузбивање на криминалните активности во регионот, истакна министерот Тошковски.

На средбата било истакнато дека Македонија активно учествува во работата на СЕЛЕК, како преку Советот на организацијата, така и преку оперативната соработка меѓу полициските служби на земјите членки. Во изминатиот период преку СЕЛЕК се реализирани повеќе заеднички истраги и оперативни состаноци со партнерските служби од регионот, особено во областа на борбата против организираниот криминал, криумчарењето мигранти, финансискиот и компјутерскиот криминал.

Соговорниците, како што посочуваат од МВР, ја потврдиле заедничката подготвеност за натамошно продлабочување на соработката и унапредување на регионалните механизми за координирана борба против криминалот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1