Connect with us

Економија

Со средства од унгарскиот кредит се зголемува производниот капацитет на „АКТИВА Штип“

Компанијата „Актива“-Штип искористи дел од средствата од унгарскиот заем, кои ги инвестираше во нов производствен капацитет. По тој повод денеска во посета на „Актива“-Штип беа претседателот на Владата Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов. Премиерот Мицкоски истакна дека за него претставува задоволство што како  Влада на некој начин учествувале овој производен капацитет да  добие поинаква физиономија и како што рече  „сопствениците на Актива Штип, користејќи го оној заем за којшто зборувавме во минатото, вложуваат во нови производни капацитети, а тие нови производни капацитети имаат голема додадена вредност во македонската економија и во локалната економија, овде во Штип“. 

-Јас од тоа што можев да го видам, но низ поинаква оптика, како машински инженер, можам да кажам дека сум исклучително пријатно изненаден и воодушевен, посебно од роботските системи коишто паралелно работат, коишто произведуваат, додаваат вредност и како што кажав ова многу значи за Македонија како држава, за нас како Влада, но и ќе повторам и локалната економија приходува од сето ова кое што денеска се создава во производните капацитети на „АКТИВА Штип- рече Мицкоски. 

Премиерот Мицкоски истакна дека како Влада ќе сторат се што е потребно македонските компании да добијат услови коишто ќе им овозможат да се развиваат, а со тоа и да ја развиваат македонската економија.

-Тоа е наш приоритет, така се однесувавме до сега, така и ќе се однесуваме и од сега. Овој навидум на почетоците мал семеен бизнис, денеска прераснува во гигант за македонски услови и уште еднаш еве моите комплименти за ова што успеав денеска да го видам. Мислам дека се повеќе од 45.000 квадрати под покрив, со, би рекол, една софистицирана напредна технологија- изјави Мицкоски.

 Главен оперативен директор на „Актива“, Зоран Илиевски истакна дека инвестицијата е околу 12 милиони евра, од кои дел се од средствата од унгарскиот заем, кои ги овозможи Владата и дел сопствени средства, а како што рече ова им овозможува да се етаблираат на пазарот, со сопствен финален производ и производ со додадена вредност мехатроника. 

-Сето тоа како пакет ни овозможува да го зголемиме сопствениот извоз, односно бројките покажуваат дека оваа инвестиција која се направи во 2025 година веќе во вкупен извоз имаме 300% зголемено на продуктите кои што ги извезуваме не само на Европскиот, туку и на пазарите на Блискиот Исток и Африка. Така да со оваа инвестиција „Актива“ направи исчекор напред, вели Илиевски. 

Во оваа штипска компанија која произведува делови за автобуси, како и колички за транспорт на аеродромите низ светот има 580 вработени

Маркетинг
Ad 3
Ad 3