Connect with us

Свет

САД привремено ќе укинат дел од санкциите за Индија да може да купува руска нафта

Американското Министерство за финансии соопшти дека привремено ќе укине дел од санкциите за да ѝ дозволи на Индија да купува руска нафта.

Според лиценцата издадена од Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии, олеснувањето на санкциите ќе важи до 4 април и ќе се однесува само на нафта купена од индиска компанија и испорачана и истоварена во индиско пристаниште.

САД во октомври воведоа санкции врз двете најголеми руски нафтени компании, „Росњефт“ и „Лукоил“, поради руските напади врз Украина

И покрај санкциите, рускиот претседател Владимир Путин ја посети Индија во декември, кога тој и индискиот премиер Нарендра Моди објавија програма за економска трговија. Индиските претставници посочија дека ќе се придржуваат кон меѓународните санкции.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3