Connect with us

Вести

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка – нов случај на семејно насилство во Скопје

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 00:40 часот, на подрачјето на Кисела Вода, го лишиле од слобода Б.С.(55) од Скопје поради сомнение дека од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја нападнал 24-годишната ќерка.

Како што информира МВР, според пријавеното, на 01.03.2026, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по што отишол кај 24 и 18-годишната ќерка, им се заканувал и физички ја нападнал 24-годишната ќерка.

Како што е пријавено, тој насилното однесување го повторил околу 22:30 часот на 05.03.2026, при што повторно со пиштол се заканувал на сопругата, но бил спречемн од ќерките да не го употреби. Б.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1