Connect with us

Вести

По смртта на мајката и девојчето во Карпош ОЈО отвори предмет за ЦСР, ќе проверува дали некој направил кривично дело

Јавното обвинителство на РСМ денеска соопшти дека врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи (ЦСР) во врска со случајот со смртта на мајката и девојчето кои паднаа од шести спрат во Карпош, оформило предмет по допрен глас и го проследило на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје. 

ОЈО Скопје, како што информираат ид ЈОРСМ, ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 2