Connect with us

Политика

Лефков: Политиките на СДС со Заев и Филипче ја оддалечија Македонија од демократските стандарди, а ја приближија кон руската политика

Политиките на СДС со Заев и Филипче ја оддалечија Македонија од демократските стандарди, а ја приближија кон руската политика.

Политиките на СДС со Заев и Филипче ја направија Македонија да биде хибриден режим, со слични карактеристики на владеење како на Путин и Лукашенко.

Онишченко и Борче Марковски, кои се блиски соработници до Путин и Лукашенко, се лица кои власта на СДС, Заев и Филипче им ја отвори вратата да дојдат, да се вдомат и да водат бизниси.

По некое време, едниот е осуден на 15 години затвор, другиот седи на обвинителна клупа. Само вакви криминални ликови успеваа во времето на СДС, на Заев и Филипче.

Ваквите лоши политики кои не се во интерес на Македонија, на СДС им зададоа сериозен удар, како на национално, така и на интернационално ниво.

ВМРО-ДПМНЕ води политика која е базирана на договори со ЕУ, и држави како САД и Велика Британија. Само на тој начин ќе успееме да го зачуваме интегритетот и достоинството на државата.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1