Connect with us

Вести

КСЗД: Ромките се уште дискриминирани на работното место, само 8 проценти од нив се вработени

Жената Ромка во земјава не се соочува само со обична дискриминација, туку со повеќе повеќекратна дискриминација и тоа поради товарот што го носи на своите плеќи, не само затоа што е жена, туку затоа што е и Ромка, и затоа што живее во сироматштија. Извештајот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) за периодот 2022-2024 покажува загрижувачки факти во областа на работните односи кон Ромките, според кој само 8 проценти од Ромките се вработени, а повеќето од нив се соочуваат со дискриминација на работното место.

-Жената Ромка се соочува со сериозно структурно исклучување од пазарот на трудот. Тоа го говорат и следните податоци од извештајот – ако според последниот попис од 2021 Ромите се 2,53 проценти од населението, податоците за 2023 покажуваат дека општата стапка на невработеност изнесува 13 проценти, денес околу 11,5 отсто, додека кај Ромките достинува околу 67 отсто, изјави на денешната прес-конференција членот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Зекир Абдулов.

Тој нагласи дека дополнително на тоа, само 8 проценти од Ромките се вработени, што, рече тој, укажува на сериозна структурна исклученост од пазарот на трудот.

Ромките често работата во неформалниот сектор, без социјална и здравствена заштита и со ограничен пристап до мерки за вработување. Овие податоци потврдуваат дека дискриминацијата кон Ромките не е само родова или етничка, туку е меѓусебно испреплетена и со сиромаштијата и со ниското образование. Иако во последно време има одредени позитивни резултати, сепак, имаме 25 проценти од Ромките кои се соочуваат со дискриминација во пристапот при вработување, посочи Абдулов.

За жал, дополни тој, од Извештајот се забележува дека и покрај високата стапка на дискриминација кон жената Ромка, особено при вработувањето, сепак бројот на поднесени претставки од заштита од дискриминација е многу низок.

-Тука меѓутоа ако земеме предвид дека 407 новоотворени случаи во 2024 од кои 40 проценти се за потенцијална дискриминација на работно место при вработување, имаме само три претставки поднесени од жени Ромки за дискриминација на работното место, од кои дискриминација е потврдена само во една претставка, рече тој.

Абдулов исто така го наведе и проблемот со кој во последно време се соочуваме – а тоа се испразнетите места во јавната и државнта администрација, каде што Ромите по било кој основ кога ќе го ослободат местото, на тие работни места веќе не се вработуваат Роми по било кој основ и затоа, рече тој, ова е сериозно прашање на кое треба сите сериозно да размислиме.

-И покрај одредениот напредок, реалноста покажува дека жените Ромки и натаму се сооочуваат со дискриминација, родово-базиорано насилство, нееднаква застапеност во раководните позиции како економска нееднаквост. Упатувам силна порака до носителите на одлуки и спроведувачите на истите да обезбедат политики засновани на еднаквост, повик до работодавачите да гарантираат еднакви можности и услови за работа и повик до секој поединец и секој пеодинец да придонесе кон ослободување од стереотипи, предрасуди и заштита од секаков вид насилсство кон жената, заклучи Абдулов.

Севги Идриз Муратоглу, раководителка на Одделението за превенција од дискриминација истакна дека судовите не ја препознаваат родовата природа на дискриминација на работното место.

-Во делот на судската заштита, во периодот од 2022-2023, 19 пресуди на основните граѓански судови низ државата се однесуваат на дискриминација во областа на работните односи. Од нив, само три се поднесени од жени. Во ниту еден предмет нема наведено пол или род како основ за дискриминација, но се бара утврдување на дискриминација врз бремена работничка, а како основ се наведени личен статус, бременост и мајчинство. Само во еден случај се бара утврдување на дискриминација врз основа на етничка припадност. Анализата на судските случаи потврди дека судовите не ја препознаваат родовата природа на проблемот на договорите за вработување на определено време, и ја занемаруваат реалноста дека непродолжувањето на договоорт по настанатата бременост не може да се смета за нормален истек на договор за вработување, без тоа да има нееднаков ефект врз жените, рече Муратоглу.

Таа нагласи дека правното и економско зајакнување на Ромките, ќе придонесе кон зголемено користење на механизмите за заштита од дискриминација и нивно учество во консултации за политики кои директно ги засегаат.

Членовите на Комисијата заклучија дека дикриминацијата врз Ромките во областа на вработувањето е структурен и повеќеслоен проблем, а решението бара заедничко постапување на КСЗД, Народниот правобранител, судовите, инспекторатите, граѓанските организации и самите заедници.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3