Connect with us

Општини

Јанчев: Четири децении по градбата, се реконструира градскиот базен во Кавадарци

Четири децении по градбата, комплетно се реконструира градскиот базен во Кавадарци, рече денеска во изјава за медиумите, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Тој беше на лице место, заедно со претседателот на Советот на Општината, Стојанче Рамов.

Јанчев најави повеќе интересни содржини во самиот комплекс.

  • Инвестицијата е околу 800 илјади евра, поддржана од Влада на Република Македонија со унгарскиот заем и очекуваме до 15 јуни, да го отвориме реконструираниот и доизграден базен. Мислам дека во регионот, а и пошироко, ќе имаме еден од најдобрите, најмодерните базени, подвлече Јанчев.

Изјава за медиумите даде и Рамов, кој се осврна на повеќе проекти на локалната самоуправа.

Како што беше кажано, базенот ќе има комплетно нови плочки, нов пумпен систем за вода и филтри. На дел од големиот базен ќе се постават и топогани, а другиот дел ќе си остане рекреативен. Во малиот детски базен ќе се постават детски реквизити за водните лудории за децата, а во партерот ќе има и детско игралиште на гумена подлога. Комплетно ново реновирање на тоалети, соблекувални, тушеви, партер околу целиот базен, соба за доктор, влезни партии, нови кровови на постоечките шанкови, лежалки и сè што е дополнително потребно за градскиот базен да функционира како забавен воден парк, и за младите и за постарите.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3