Connect with us

Тенис

Ѓоковиќ против Мајхшак во второто коло на Индијан Велс

Полскиот тенисер Камил Мајхшак се пласираше во второто коло од Мастерсот во Индијан Велс, откако го победи синоќа Французинот Џовани Мпечи Перикар со 6:3, 1:6, 7:5 по три сета.

Мајхшак (АТП – 57) го победи 54-от играч на АТП листата по еден час и 47 минути.

Во второто коло, Мајхшак ќе игра против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Мајхшак е закажан за в сабота.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2