Connect with us

Свет

Захарова: Русија се залага за итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток

Русија се залага за итен прекин на непријателствата и враќање на политичкиот и на дипломатскиот процес на решавање на постојните проблеми врз основа на Повелбата на ОН и Договорот за неширење нуклеарно оружје, како и осигурување на безбедносните интереси на сите држави во регионот – изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа нагласи дека „нема сомнеж оти измислената иранска закана била само изговор за спроведување на долгоочекуваниот план за насилно соборување на уставниот поредок во суверена држава, членка на ОН, непожелна во Вашингтон и во Тел Авив“.

Захарова наведе и дека Москва „најостро ја осудува уште едната опасна авантура“ на САД и Израел против Иран.

– Нашиот принципиелен став е изнесен во релевантните изјави на Министерството за надворешни работи, говорите на седниците на Советот за безбедност на ОН и вонредните седници на Одборот на гувернерите на МААЕ. Тој постојано се соопштува во редовните контакти со странски партнери на сите нивоа, вклучително и на највисокото – наведе Захарова.

Таа истакна дека Москва бара безбедносни гаранции за дипломатските мисии на Блискиот Исток.

– На 2 март ракети експлодираа во радиус од половина километар од Амбасадата и трговската мисија. Бараме да се спречат вакви сериозни инциденти и да се обезбедат безбедносни гаранции за нашите странски мисии, како и за други цивилни објекти во кои работат наши експерти – наведе Захарова.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4