Општини
Во Битола се гради ново повеќенаменско спортско игралиште
Општина Битола денеска ги почна градежните активности за изградба на ново спортско игралиште во лоцирано во населбата „Стрелишта“.
Станува збор за кошаркарско и ракометно игралиште кое е според стандарди за одржување на официјални спортски натпревари, а ќе може да се игра и мал фудбал, соопштија од Општина Битола.
– Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со претседателот на Советот, Бојан Бојкоски денеска беа на локацијата каде што почнаа градежните работи. На игралиштето ќе има и мини атлетска патека и ќе биде поставена еластична подлога од тартан. Вредноста на овој проект е 26,4 милиони денари, а средствата се обезбедени од Министерството за спорт и млади кои Општина Битола ги доби од вториот владин повик, информираа од тамошната локална самоуправа.
март 5, 2026

