Connect with us

Фудбал

Тиквеш убедлив против Арсими, Македонија ЃП сигурна против Работнички

Екипите на Тиквеш и Македонија ЃП освоија по три бодови во денешните дуели од 21.коло од Првата фудбалска лига. Тиквеш беше убедлив на гостувањето против Арсими и славеше победа со 0:5, додека во скопското дерби Македонија ЃП го совлада Работнички со 3:1, иако „романтичарите“ поведоа со 0:1.

На вчера одиграните дуели: Брера – Струга 0:0 и Шкупи – Башкими 0:2.

Утре се игра дербито на колото меѓу Вардар и Шкендија со почеток во 14 часот, додека од 16 часот е дуелот меѓу Пелистер и Силекс.

Табела: Вардар 52 бода, Шкендија 48, Струга 44, Силекс 38, Башкими 29, Тиквеш 27, Брера 27, Арсими 26, Македонија Ѓорче Петров 23, Пелистер 20, Работнички 13, Шкендија 1. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1