Connect with us

Регион

Претседателот Бегај потпиша уредба за новите министри во владата на Рама

 Албанскиот претседател Бајрам Бегај попладнево потпиша уредба за новите министри во кабинетот на премиерот Еди Рама.

Предлозите за разрешување и именување на министрите, во рамки на реконструкцијата на владиниот кабинет, Рама му го достави во понеделникот, а Бегај имаше рок од седум дена да потпише или не.

Уредбата ќе биде доставена до парламентот, каде гласањето ќе биде само формално имајќи предвид дека од 140 пратеници, 83 се од владејачкото мнозинство.

Рама минатата недела ја соопшти првата реконструкција, откако владата „Рама 4“ беше избрана во септември минатата година, по мајските избори. Со истата досегашното вицепремиерско место и министер за инфраструктура и енергетика, кое го раководеше Белинда Балуку, осомничена за корупција, ќе биде одвоено. 

Нов вицепремиер ќе биде Албана Кочиу, актуелна министерка за внатрешни работи, додека ресорот министер за инфраструктура и енергетика и раководи Енеа Каракачи, актуелен администратор на Електродистрибуција.

Прв полицаец ќе биде Бесфорт Љамалари, актуелен министер за правда, кој беше заменик министер за внатрешни работи во претходната влада. На местото на Ламалари ќе биде Тони Гогу, кој моментно е министер за односи со Парламентот, а на негово место доаѓа Ерјона Исмаили, пратеничка од Валона.

Ферит Хоџа, дипломат од кариера, поранешен амбасадор во ОН и моментално шеф на мисијата на Албанија во ЕУ, ќе биде министер за надворешни работи, на местото на Елиса Спиропали.

Министерството за одбрана го напушта Пиро Венгу, а на негово место доаѓа Ермал Нуфи, кој досега ја извршуваше функцијата генерален секретар во кабинетот на Белинда Балуку, како вицепремиер.

Со реконструкцијата не се опфатени девет министерски ресори. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 4