Connect with us

Фудбал

Поведена дисциплинска постапка против ФК Шкендија за пропустите на дуелот со Пелистер

На денешната седница на Дисциплинската комисија при ФФМ изречени се казните за исклучените фудбалери, тренери и членови на стручни штабови на клубовите од Првата и Втората македонска фудбалска лига.

Исто така, беа донесени и следните одлуки:

– Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкендија за натпреварот од 20. коло помеѓу ФК Шкендија и ФК Пелистер, поради слаба организација. Во текот на натпреварот од страна на домашната публика биле фрлани метални пари, запалки и пластични шишиња на теренот. Четвртиот судија бил погоден со запалка и метални пари, а кон него бил фрлен и скалпел, кој паднал во негова близина.

По завршувањето на натпреварот, кога судиската четворка се упатила кон соблекувалните, повторно биле фрлани предмети кон нив. Исто така, неслужбено лице влегло на теренот и вербално ги нападнало судиите. Откако судиската четворка влегла во службените простории, истото лице ги следело, навредувало и се обидело физички да се пресмета со нив.

Казни добија и тренерите Баже Илијоски (Македонија Ѓорче Петров) и ДЕјан Лескароски (Струга Трим Лум) во Првата лига и по два натпревара сузпензија добија.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2