Connect with us

Вести

Почната е постапка за јавна набавка за чартер-летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека е почнала постапка за јавна набавка за организација на чартер-летови за евакуација на македонските државјани, кои се наоѓаат во погодените области на Блискиот Исток. За оваа намена предвидени се 60 милиони денари обезбедени од буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

– Имајќи ги предвид итноста и фактот дека безбедносната состојба тековно се менува, постапката ќе се спроведе во согласност со Законот за јавните набавки, со примена на скратени рокови предвидени за вакви ситуации. За реализација на оваа услуга предвидени се средства во износ до 60 милиони денари, обезбедени во буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во зависност од конечниот број на пријавени македонски државјани и бројот на чартер-летови што ќе се реализираат, можно е да биде искористен само дел од предвидениот износ – информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Претходно, Министерството информира дека досега 632 македонски граѓани побарале евакуација. Некои од нив ќе се враќаат во земјата со чартер-летови, а други со владиниот авион

Маркетинг
Ad 2
Ad 1