Connect with us

Општини

Каратистката Данка Стојкова е спортист на годината, Кавадарци ги прогласи најдобрите спортисти за 2025 година

Најдобри спортисти за 2025 година, по 24 пат беа прогласени вечерва во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци. Беа поделени награди и признанија во неколку категории. Млади надежни таленти во повеќе спортови, најдобри јуниори и сениори и други. Каратистката Данка Стојкова е спортист на годината. 

Плакета за исклучителна поддршка, доверба и придонес во развојот и унапредувањето на спортот во Кавадарци, беше доделена и за кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

За посебен придонес, поддршка и развој на спортот во Кавадарци, плакета беше доделена и на Министерство за спорт на Република Северна Македонија. 

Пред присутните се обрати претседателот на Советот на Општината, Стојанче Рамов. 

– Овие спортисти се наша гордост и наши амбасадори. Вечерашните награди се поттик за понатамошни успеси, подвлече Рамов. 

Настанот организиран од Сојуз на спортови, на кој беа доделени и благодарници и плакети, беше збогатен со културно уметничка програма.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2