Connect with us

Општини

Имплементацијата на стратегијата за инклузија на Ромите останува приоритет на Владата – напредок во образованието, здравствената заштита и издавањето лични документи

Имплементацијата на стратегијата за инклузија на Ромите е позиционирана како висок приоритет на Владата. Ова не е формална програмска обврска, туку прашање на вредности, владеење со одговорност и градење држава во која еднаквоста не е само заложба, туку реалност – беше порачано на денешната презентација на извештајот за процена на имплементацијата на стратегијата за инклузија на Ромите 2022 – 2030 година.

Министерот без ресор задолжен за имплементација на стратегијата за инлузија на Ромите, Шабан Салиу, рече дека стратегијата претставува системска рамка за создавање праведно и инклузивно општество, еднаков пристап до квалитетно образование, здравствена заштита, социјална сигурност и достоинствено домување.

Анализата изработена од експертот Ебен Фридман, според министерот Салиу, ги покажува постигнатите резултати, но ги детектира и областите во кои е потребна поголема ефикасност, подобра организација и подобра отчетност.

– Очекувам надлежните институции активно да се вклучат во дискусијата и јасно да ја потврдат својата подготвеност препораките да ги преточат во конкретни политики, буџетски мерки и временски рамки. Само така можеме да зборуваме за вистинска имплементација. Ќе работиме на зајакнување на меѓуинституционалната соработка, унапредување на механизамите за мониторинг и воспоставување јасни линии на одговорност. Само преку системски пристап и силна политичка волја можеме да обезбедиме долгорочни резултати – рече министерот Салиу. 

Конкретен напредок земјава бележи во делот на образованието, каде што во периодот од 2006 до 2025 година речиси 5.500 ромски деца се вклучени во предучилишното образование, а само лани се запишани 526 деца. Во 20-ина општини децата од семејства во социјален ризик се ослободени од плаќање партиципација, а во 20 општини се ангажирани образовни медијатори за зголемување на свесноста за раното образование. 

Значаен чекор, според министерот за социјална политика Фатмир Лимани, е направен и во делот на издавање документи за идентификација. Поточно, од 526 евидентирани лица без документација, на речиси 450 лица веќе им е издаден извод од Матичната книга на родените, дадени се и 150 лични документи за идентификација, а другите се во процедура на издавање. 

Во делот на домувањето, Лимани најави дека месецов во владина процедура треба да влезе законот за социјално домување. Напредок се бележи и во пристапот до здравствени услови за овие лица, како и во делот на инфраструктурата

Маркетинг
Ad 1
Ad 3