Фудбал
Германски судија во баражот на македонската репрезентација против Данска
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги одреди официјалните лица за плејоф натпреварот меѓу македонската и данската репрезентација што ќе се одигра на 26 март во Копенхаген, во рамки на баражот за пласман на Светското првенство.
Главен судија на натпреварот на стадионот „Паркен“ ќе биде Германецот Феликс Цвајер, а негови асистенти ќе бидат Роберт Кемптер и Кристијан Диц, исто така од Германија. Функцијата четврти судија ќе ја извршува Даниел Шлагер.
За видео асистенција (ВАР) задолжени се Бастијан Данкерт како главен ВАР судија и Саша Штегеман како АВАР. Судиски контролор на средбата е Вилијам Јанг од Шкотска, додека делегат на натпреварот е Жоао Мораиш од Португалија.


