Свет
Црквата на Светиот гроб во Ерусалим затворена поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток
Црквата на Светиот гроб во Ерусалим е затворена од безбедносни причини бидејќи тензиите во Израел продолжуваат да се заоструваат по заедничкиот американско-израелски напад врз Иран, кој почна во саботата, 28 февруари, и ескалира во поширок конфликт на Блисикиот Исток, известува грчкиот црковен портал „Ортодокс тајмс“, а пренесува „Литургија.мк“.
Ерусалимската патријаршија соопшти дека поради овие случувања, Великопосната (Умилителна) вечерна богослужба од првата недела на великиот пост (16 февруари/1 март 2026 година) не беше отслужена на вообичаеното место – во сè уште затворената црква на Светиот гроб. Наместо тоа, богослужбата се одржа во патријаршискиот и манастирски храм на светите Константин и Елена, храмот на Братството на Светиот гроб.
Затворањето на најсветото место на христијанството ја нагласува сериозноста на тековните безбедносни закани и ја одразува пошироката нестабилност што го зафаќа регионот, пишува „Ортодокс тајмс“.
март 5, 2026

