Свет
Цел Ирак без струја
Ирачкото Министерство за електрична енергија објави дека целата земја е погодена од целосен прекин на електричната енергија, без да ги наведе причините за ваквата состојба.
Во Ирак има прекин на електрична енергија / Фото: Принтскрин
„Електроенергетската мрежа е целосно исклучена во сите ирачки провинции“,
објави Ирачката новинска агенција (ИНА).
Како што информира ИНА, се прават обиди да се утврди причината за прекинот на електричната енергија, а веќе е започната санација на електраните и далноводите.
Делови од земјата беа под постојани напади откако почнаа нападите меѓу Израел, САД и Иран.
Ирак почна да го намалува производството на нафта бидејќи резервоарите за складирање се полни.
Исто така, земјата е подготвена да го намали производството за околу три милиони барели дневно доколку продолжи кризата во Ормутскиот Теснец.
март 5, 2026

