Економија
БДП во 2025 година пораснал за 3,5 отсто
Бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година порасна за 3,8 % во однос на истиот период од 2024 година. Стапката на раст на БДП во 2025, пак, во однос на 2024 година е 3,5 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Во четвртото тримесечје од 2025 година поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 14,6 % и Стручни, научни и технички дејности – 8,1 % во Административни и помошни услужни дејности.
Финалната потрошувачка во четвртото тримесечје од 2025 година номинално расте за 6,4 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 77,9 %.
Бруто-инвестициите во четвртото тримесечје од 2025 година номинално растат за 5,0 % како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.
Според сезонските и календарски приспособените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година, во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, е 3,4 %.
Стапката на раст на БДП во 2025 година во однос на 2024 година е 3,5 %.
март 5, 2026

