Скопје
Реновирани ученичките тоалети во ООУ „Ѓорче Петров“
Во ООУ „Ѓорче Петров“ целосно се реконструирани и реновирани ученичките тоалети, со нов и функционален распоред, прилагоден на потребите на сите ученици, објави градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Во објавата тој ги наведе градежните зафати кои ги опфаќа проектот и тоа: 1 тоалет за лица со посебни потреби, 1 трокадеро, 4 женски кабини (2 стандардни и 2 прилагодени за помали деца), 3 машки кабини (2 стандардни и 1 за помали деца), 4 писоари (2 на стандардна висина и 2 пониски за помали деца), по 3 умивалници во машкиот и женскиот тоалет, како и во тоалетот за лица со посебни потреби.
Создадени се подобри и похигиенски услови за учениците. Продолжуваме посветено – затоа што грижата за децата значи грижа за иднината, додаде Стојкоски.
март 2, 2026

