Connect with us

Регион

Рама ги разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана

Албанскиот премиер Еди Рама денеска го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на управата на полицијата за Тирана, Елтон Аљуши.

Разрешувањето на двајцата високи полициски раководители според образложението е  бидејќи ” за протестите на опозицијата, посебно синоќешниот, не презеле соодветни мерки и не успале да го обезбедат јавениот ред и мир”.

Опозицијата наместо протест синоќа одржа неколку часовен марш во чиј тек учесниците фрлаа молотови коктели во контејнери за отпад уништувајќи најмалку педесетина, како и кон поранешната вила на комунистичкиот претседател Енвер Хоџа, сега  културен центар, во чии простории имало и американски уметници.

На местото на Прода, кој на оваа функција беше назначен на  2 октомври 2024 година, привремено е поставен Сокол Бижга, кој од 2022 година ја извршуваше функцијата заменик-генерален директор на државната полиција.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2