Ракомет
Познат составот на групите во ракометниот Куп
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска со жрепка го одреди составот на групите во Купот во машка конкуренција во кои натпреварите ќе се играат претстојниот викенд.
Жрепката го смести бранителот на трофејот Вардар 1961 во групата А во која во полуфиналето ќе игра против Бутел.
Куп на Македонија, мажи:
група А
Бутел Скопје – Вардар
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2
група Б
Пролет – Македонија Ѓорче Петров
Радовиш – Алкалоид
група В
Тиквеш – Охрид
Куманово – Младост Богданци
група Г
Прилеп – Драчево Јуниор
Струга – Еурофарм Пелистер.
Победниците во четирите групи ќе се пласираат на завршниот турнир што ќе се игра на 18 и 19 април.
март 2, 2026

