Connect with us

Фудбал

Поради конфликтот на Блискиот Исток неизвесно одржувањето на Финалисима

Одржувањето на „Финалисима“ меѓу Аргентина и Шпанија е доведено во прашање поради конфликтот на Блскиот Исток.

Натпреварот е закажан за 27 март во Катар.

„Финалисима“ е натпреварот помеѓу победниците на Копа Америка и Европското првенство.

Во последните изданија на двете континентални натпреварувања трофеите ги освоија Аргентина и Шпанија.

Неизвесноста доаѓа поради ситуацијата во Катар, една од земјите од Персискиот Залив каде што се сместени американски бази кои моментално се цел на Иран како одмазда за нападите на САД и Израел.

ФИФА тврди дека сè уште не е донесена никаква одлука, освен најавата на Катар за привремено прекинување на сите спортски настани.

Конечната одлука за Финалисима ќе биде објавена во наредните денови. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4