Connect with us

Кошарка

Лејкерси го победија Сакраменто, Дончиќ и Џејмс заедно постигнаа 52 поена

Лејкерси го победија Сакраменто рано утрово на домашен терен во натпревар од регуларната сезона на НБА со 128:104.

Лука Дончиќ (28) и Леброн Џејмс (24) беа најефикасни во домашниот тим, додека Ник Клифорд имаше 26 поени за гостите.

Лејкерси го добија својот 36-ти натпревар од 60 одиграни оваа сезона и се шести на табелата во Западната конференција.

Сакраменто е на последното место со биланс 14-48.

Резултати на другите натпревари играни ноќта недела кон понеделник:

Атланта – Портланд 135:101
Орландо – Детроит 92:106
Бостон – Филаделфија 114:98
Далас – Оклахома 87:100
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 137:117.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4