Connect with us

Свет

Иран тврди дека во американско-израелските напади погодена е нуклеарната постројка во Натанц

За време на вчерашните американски и израелски операции против Исламска Република погодена е иранската нуклеарна постројка во Натанц, изјави денеска иранскиот пратставник во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Реза Наџафи.

Вчера повторно беа нападнати иранските мирни, заштитени нуклеарни постројки, наведе Наџафи на состанокот на Управниот одбор на МААЕ.

Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси изјави дека агенцијата нема индикации дека во американско-израелските напади врз Иран погодени се нуклеарни постројки.

Тој додаде дека продолжуваат обидите да се воспостави контакт со иранските нуклеарни регулаторни власти.

Тој ги повика сите страни да покажат максимална воздржаност за да се избегне понатамошна ескалација.

МААЕ со месеци бара од Иран да ја информира за тоа што се случило со резервите од 440 килограми збогатен ураниум на Иран по израелско-американските напади во јуни минатата година и да дозволи целосно продолжување на инспекциите, вклучително и во трите клучни објекти бомбардирани минатиот јуни: Натанц, Фордо и Исфан.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3