Connect with us

Свет

ЦЕНТКОМ: Иранските ракети „не се ни приближија“ до американскиот брод „Линколн“

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) вели дека американскиот брод „УСС Абрахам Линколн“ не е погоден од ирански ракети.

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) претходно соопшти дека го нападнале носачот на авиони со четири балистички ракети, според иранските државни медиуми.

„Ракетите дури ни блиску не се приближија“, вели ЦЕНТКОМ, додавајќи дека „Линколн“ продолжува да лансира авиони во поддршка на неговата „немилосрдна кампања за одбрана на американскиот народ со елиминирање на заканите од иранскиот режим“.

„УСС Абрахам Линколн“ е петтиот носач на авиони од класата „Нимиц“ во морнарицата на Соединетите Американски Држави. „Линколн“ ги вклучува најновите невидливи авиони Ф-35, способни да ги избегнат непријателските радари. 

Сепск, САД соопштија  дека тројца припадници на војската се убиени во акција, а петмина се сериозно ранети како дел од операцијата против Иран.

„Неколку други се здобиле со помали повреди од шрапнели и потреси на мозокот – и се во процес на враќање на должност. Главните борбени операции продолжуваат и нашите напори за одговор се во тек“, се вели во соопштението на Централната команда на САД.

„Ситуацијата е флуидна, па од почит кон семејствата, ќе задржиме дополнителни информации, вклучително и идентитетите на нашите паднати војници, до 24 часа откако ќе бидат известени најблиските роднини“, се додава во соопштението. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1