Connect with us

Кошарка

Ашаданов го објави поширокиот список за мартовските евро-квалификации

Селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација, Александар Ашаданов, денес го објави поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамките на вториот квалификациски ФИБА „прозорец“ за Евробаскетот во 2027 година.

На списокот на Ашаданов се наоѓаат:
Илина Селцова – Серко Уни Ѓер-Унгарија
Мерит Хемпе – Сарагоса-Шпанија
Александра Стојановска – Неа Јониа-Грција
Матеа Николиќ – Баскет Алкамо-Италија
Тијана Митрева – Баскет Алкамо-Италија
Ања Начевска – Мега-Србија
Ивана Кметовска – Баскет Кам
Цветанка Димова – Баскет Кам
Катерина Поп Димитровска – Баскет Кам
Сања Адамовска – Баскет Кам
Марија Николов – Бадел 1862
Јована Петрушевска – Бадел 1862
Ива Чолакоска – Бадел 1862
Елена Тасевска – Вардар
Милица Николиќ – Вардар
Теа Трајковска – Вардар
Јана Пислевска – Вардар
Михаела Алексовска – Крива Паланка
Дора Алексова – МЗТ Бела вода

Првиот собир е закажан за 7 март (сабота) со почеток во 18:30. часот, во салата „Градски парк“ во Скопје.

Во вториот дел од квалификациите од групата „Ф“, сениорките ќе одиграат три натпревари, два на гостински терен – против соодветните национални селекции на Данска (11 март) и на Грција (14 март), и еден на домашен терен, против репрезентацијата на Хрватска (17 март).

Маркетинг
Ad 4
Ad 4