Connect with us

Ракомет

Вардар со нов голем триумф во Автокоманда

Ракометарите на Вардар со победа ги почнаа натпреварите од плеј офот откако вечерва во Автокоманда го совладаа Алкалоид со 33:32. Со новите два бода Вардар се зацврсти на првата позиција на табелата.

Во поголемиот дел од првото полувреме Вардар имаше водство, иако на периоди и Алкалоид имаше водство. Сепак финишот на првиот дел мина во знакот на „црвено-црните“ кои од 14:15 направија серија од 4-1 за највисоки +4 (15:19), до крајот на првиот дел Алкалоид намали на 17:19.

Во вториот дел Вардар имаше водство од два до четири голови предност, а во 44.минута домашниот тим намали на еден негатива 24:25. Во завршницата Вардар поведе повторно со четири разлика (33:29), а Алкалоид успеа само да го ублажи поразот.

На другите два дуела од плеј офот: Бутел – Охрид 22:28 и Тиквеш – Еурофарм Пелистер 24:43.

Табела: Вардар 44 бода, Еурофарм Пелистер 40, Охрид 39, Алкалоид 35, Бутел 22 и Тиквеш 22.

Во плеј аутот се одиграа два натпревара: Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 21:23 и Радовиш – Прилеп 25:34. Утре од 18 часот играат МРК Куманово – Струга. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 4