Свет
Убиени началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран и главниот командант на ИРЦГ
Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, Абдолрахим Мусави е убиен, пренесе денеска иранската телевизија.
Мусави е убиен во американско-израелските напади врз Иран, јавија локалните медиуми.
Претходно денеска, официјалната иранска новинска агенција ИРНА пренесе дека Али Шамкани, висок политички функционер на врховниот водач Али Хамнеи и секретар на иранскиот Совет за одбрана, е убиен во американско-израелските напади врз Техеран.
Како што се наведува, главниот командант на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Мохамед Пакпур, исто така е убиен, пренесе Ал Џезира.
март 1, 2026

