Connect with us

Свет

Тричлен совет ќе го води Иран во текот на транзицискиот период по смртта на Хамнеи

ричлен совет привремено ќе управува со Иран по смртта на врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи.

Советот, составен од претседателот Масуд Пезешкијан и шефот на судството Голамхосеин Мохсени Ејеи, како и член на Советот на чуварите, ќе ја преземе одговорноста за транзициската фаза, јавија денеска иранските државни медиуми.

Советот ќе ги извршува должностите на Хамнеи додека Собранието на експерти, тело од 88 влијателни верски лица, не номинира наследник.

Иранскиот закон налага Собранието на експерти да избере нов врховен водач во најбрз можен рок.

Нејасно е кој би можел да го наследи Хамнеи, кој беше убиен во вчерашните напади врз Иран од страна на САД и Израел. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4