Останати спортови
Превц најдобар на летовите во Кулм
Словенечкиот ски скокач Домен Превц победи на денешниот натпревар на леталницата во австриски Кулм и на тој начин го расипа славјето на домашните натпреварувачи, кои пак остварија пласман од второто до петтото место.
Превц имаше летови со должини од 213,5 и 228,5 метри и освои вкупно 433 поени.
Второто место му припадна на Стефан Ембахер, кој имаше само 1,1 поен помалку од победникот Превц, а третопласираниот Јонас Шустер имаше 401,1 поен.
Ембахер беше лидер по првата серија, но перфектниот втор лет на Превц од 228,5 метри му ја донесе победата.
Во генералниот пласман Превц е лидер со 1714 поени, пред Риори Кобајаши, кој има 1021 поен. Останува уште само математички словенечкиот натпреварувач да го потврди освојувањето на големиот кристален глобус во Светскиот куп.
март 1, 2026

